ПОВЕЌЕ

    15 НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА – Во чии џеб завршуваат?

    Време зa читање: 3 минути

    Според ДЗС, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 31.869 денари и во однос на јуни лани е зголемена за 10,9 проценти. Просечната плата расте и во споредба со месец мај, кога истата изнесувала  31.407 денари.

    Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите:

    • Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, 23,1 процент,
    • Уметност, забава и рекреација (17,5 проценти) и
    • Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (16 проценти).

    Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, има во секторите:

    • Финансиски дејности и дејности на осигурување (6 проценти),
    • Трговија на големо и трговија на мало (5,7 проценти);
    • Поправка на моторни возила и мотоцикли (5,7 проценти) и
    • Рударство и вадење на камен (4,3 проценти).

    На пиадесталот најдобро платените работници во нашата земја се компјутерџиите.

    Податоците покажуваат дека вработените во категоријата компјутерско програмирање, имаат плата над 81 илјади денари, а како за споредба, најниско платени се вработените во Заштитни и истражни дејности со просечна нето плата од 17 878 денари која изнесува скоро дупло под просекот.

    ЛИСТА НА 15 НАЈВИСОКИ НЕТО ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА ПО СЕКТОРИ

    1. Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности 81 094 денари,
    2. Воздухопловен транспорт 50 513 денари,
    3. Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови 50 043 денари,
    4. Останати стручни, научни и технички дејности 49 901 денари,
    5. Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати 49 697 денари,
    6. Дејности на изнајмување и давање под закуп (лизинг) 49 276 денари,
    7. Складирање и помошни дејности во превозот 46 731 денари,
    8. Вадење на руди на метал 46 549 денари,
    9. Управувачки дејности; советување во врска со управувањето  46 026 денари,
    10. Телекомуникации 45 971 денари,
    11. Осигурување, реосигурување и пензиски фондови, освен задолжително социјално осигурување 44 816 денари,
    12. Вадење на други руди и камен 43 865 денари,
    13. Дејности на организации врз база на зачленување 43 755 денари,
    14. Маркетинг (реклама и пропаганда) и истражување на пазарот 42 971 денари,
    15. Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 41 629 денари,

    Според ДЗС, во јуни годинава просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесувала 47.634 денари

    ТОП ПЕТ БРУТО ПЛАТИ

    1. Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности 123 163 денари
    2. Воздухопловен транспорт 76 585 денари
    3. Останати стручни, научни и технички дејности 75 715 денари
    4. Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови 75 380 денари
    5. Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати  74 950 денари
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично