ПОВЕЌЕ

    15 МИЛИОНИ ЕВРА се свртеа на берза во октомври месец: На врвот по промет, две банки!

    Време зa читање: 2 минути

    Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.10 – 31.10.2021 година вкупниот промет изнесувал 930.247.593 денари и е зголемен за 51,10 отсто во однос на претходниот месец.

    Класичното тргување изнесувало 571.463.963 денари и е зголемено во однос на септември за 13,51 отсто кога изнесувало 503.426.341 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 538.839.279 денари и обврзници во вредност од 32.624.684 денари.

    Блок трансакциите во октомври изнесувале 356.783.630 денари и се зголемени за 380,78 отсто во однос на септември.

    Бројот на трансакции во октомври изнесувал 1.805 и е намален за 14,25 отсто во однос на септември кога изнесувал 2.105.

    Најтргувани акции на официјалниот пазар за октомври се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи НЛБ Банка АД Скопје и третото место го зазема Алкалоид АД Скопје.

    Според количината на истргувани акции, апсолутен лидер е Комерцијална Банка АД Скопје со 23.998 истргувани акции, каде просечна цена по акција изнесувала 10.319,72 денари.

    Компаниите кои имаат најголем раст на акциите се Стопанска банка Битола, Тетекс Тетово, НЛБ Банка, Либерти Скопје и ТТК Банка.

    РЖ Техничка контрола Скопје, Карпош Скопје, Мермерен комбинат Прилеп, Фершпед Скопје и Макстил Скопје, ја предводат петорката на компании чии акции забележаа најголем пад во октомври месец.

    Месечниот статистички билтен за октомври 2021 година е достапен тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично