ПОВЕЌЕ

    12 пензионери го зеле највисокиот износ од 57.304 денари

    Време зa читање: 3 минути

    Во март, оваа година имало 287 пензионери со пензија над 52.455 денари12 пензионери го зеле највисокиот износ од 57.304 денари, покажуваат последните податоци на Фондот за пензиско. Или вкупно 1.327 пензионери во земјава се водат како пензионери со највисоки пензии, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 43.000 до 57.304 денари во зависност од годината кога го стекнале правото. Најголем дел или 897 се со пензија од 41.739 денари.

    Вкупниот број на пензионери пак се зголемил на 327.378 лица додека просечната пензија во февруари се зголемила за 35 денари во споредба со февруари и изнесувала 15.629 денари,

    Најнизок износ на пензија зеле 78.811 пензионери каде е забележан пораст од нови 558 пензионери споредбено со минатиот месец, од кои 61.858 пензионери за остварено право од 01.01.2002 година до денешен датум. Останатите 16.953 се за оставрено право до 1996 и за периодот 1997 – 2002 година. Најнискиот износ на пензија за најголемата група на корисници на ова право се движи од 9.868 денари до 12.649 денари, во зависност од групата на која што припаѓаат.

    Само во месец март имало нови 2.561 пензионери на списокот на ПИОМ. Од нив најголем дел биле мажи 1.774 а остатокот жени и најголем дел, 1.698 се стекнале со правото на старосна пензија. Од друга страна пак, имало 1.445 починати пензионери, од кои 1.204 биле мажи.

    Податоците покажуваат дека од 327.378 пензионери најмногу 326.237 се стекнале со право на пензија по работен основ. Други 1.054 стекнале право на пензија како поранешни воени лица, а само 87 биле земјоделци и по тој основ оствариле право на пензија.

    Преземањето на оваа содржина е дозволена со наведување на извор и линк до анализата.

    Редакција Пари

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично