ПОВЕЌЕ

    10-КА ЗА АКЦИЈАТА НА НАЈГОЛЕМАТА МАКЕДОНСКА БАНКА – Вкупниот промет на берза порасна над 92 отсто

    Време зa читање: 4 минути

    Македонска берза го објави месечниот статистички билтен за октомври 2022.

    Акцијата на Комерцијална банка десети месец по ред е најтргувана на македонскиот пазар на капитал, тоа го покажува и месечниот билтен на Берзата.

    Просечната цена што ја достигнала акцијата на најголемата македонска банка е 10.902,68 денари, а биле истргувани 10.870  акции на таа банка. Со акциите на Комерцијална банка бил направен промет од 118.512.141 денари или 1.925.651 евра, а нејзиното учество во вкупниот берзански промет било 50,81 отсто. Со овој промет, како и во септември, единствено Комерцијална банка е во клубот на милионери.

    Втора најтргувана акција на официјалниот пазар на Берзата била акцијата на македонскиот фармацевтски гигант Алкалоид АД Скопје  каде количински се истргувани 1.731 акција по просечна цена од 16.118,86 денари. Вкупниот промет што во октомври бил достигнат со акциите на „Алкалоид“ изнесувал 453.359 евра или 27.901.754 денари, а неговото учество во вкупниот промет изнесувало 11,96 отсто, покажува билтенот на Берзата.

    Откако во септември се искачи на трето место, во октомври успеа да ја задржи истата позиција помеѓу најтргувани акции во тој месец. Компанијата Гранит која е специјализирана за изградба на патишта и автопати, минатиот месец беше во фокусот на инвеститорите. Како што веќе објави порталот Пари, минатиот месец се реализира големата трансакција по модел СЕ ИЛИ НИШТО, каде акционерот Сава Пензиско Друштво АД Скопје кој поседуваше 230,563 обични акции од издавачот на хартии од вредност ГД Гранит АД Скопје ги продаде акциите по 1450 денари по акција и на сметка на Сава Пензиско Друштво легнаа над 5,5 милиони евра. За оваа трансакција со свој коментар искочија и од Сава пензиско друштво ПЕТ ПРАШАЊА И ПЕТ ОДГОВОРИ ЗА НАЈГОЛЕМАТА ТРАНСАКЦИЈА НА ПЕНЗИСКИТЕ ФОНДОВИ на Сава пензиско друштво на Македонска берза

    Што друго беше значајно во октомври месец за акцијата на Гранит?

    Во 80 трансакции се истргуваа 15.693 акции. Просечната цена на акцијата на Гранит изнесувала 1.469,41 денари, додека вкупниот промет изнесувал 23.059.428 денари или 374.973 евра, што е учество од 9,89 отсто во вкупниот промет. 

    Компанијата која минатиот месец се најде на четвртата позиција, сега е едно скалило подолу, а на најзино место, едно скалило погоре се искачи НЛБ Банка Скопје.

    Акцијата на НЛБ Банка, минатиот месец имала просечна цена од 22.546,53 денари, а вкупниот промет кој бил постигнат со оваа акција изнесува 12.806.431 денари или 208.171 евра, што претставува учество од 5,49 отсто во вкупниот промет.

    Во славната петка, повторно се најде нашиот најголем нафтен дистрибутер „Макпетрол“ Скопје, чија акција имала просечна цена од 66.990,32 денари, а вкупниот промет кој бил постигнат со оваа акција изнесува 9.311.654 денари или 151.306 евра, што е учество од 3,99 отсто во вкупниот промет.

    Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.10 – 31.10.2022 година вкупниот промет изнесувал 475.051.376 денари и е зголемен за 44,61 отсто во однос на претходниот месец. 

    Инаку, главниот берзански индекс МБИ10 се пораснал за 1,23% отсто

    Кај брокерските куќи, највисоко на тронот во октомври месец се искачи Комерцијална банка АД Скопје, со остварен вкупен промет на берза од 818.387.905 денари. Еурохаус АД Скопје  се најде на втората позиција со промет од 581.045.154 денари, додека со блоковско тргување од 32,96 отсто, на третата позиција се најде  ИЛИРИКА ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје со вкупен промет од 169.580.256 денари.

    Класичното тргување изнесувало 250.375,687 денари и е намалено во однос на септември за 23,19 отсто кога изнесувало 325.965.486 денари.

    Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 214.375.383 денари и обврзници во вредност од 14.407.124 денари.

    Блок трансакциите во септември изнесувале 322.474.074 денари и се зголемени за 116,30 отсто во однос на август.

    Бројот на трансакции во октомври изнесувал 1.075 и е намален за 32,47 отсто во однос на септември кога изнесувал 1.592.

    Месечниот статистички билтен за октомври 2022 година можете да го погледнете тука.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично