ПОВЕЌЕ

    10те најголеми ФинТек компании во Америка во 2020

    Време зa читање: 3 минути

    Во 2019 година, бумот за стартување на ФинТек компании започна. Вкупното вложување капитал за приватни американски компании достигна 18 милијарди долари, споредено со 13 милијарди американски долари во 2018 година, пишува „Форбс“.

    Веќе големите ФинТек компании станаа уште поголеми. На годинешниот список на десет највредни компании, просечното вреднување е 9 милијарди долари. Минатата година тоа беше 6 милијарди долари.

    Едно од најголемите изненадувања беше дигиталната банка Чајм, чие вреднување се зголеми од 1,3 милијарди долари на 5,8 милијарди американски долари за девет месеци. Рипл исто така имаше зачудувачки пораст на вредноста, достигнувајќи 10 милијарди американски долари.

    Еве ги 10-те највредни приватни ФинТек компании поддржани од вложување во САД:

    1. Стрип, 35 милијарди долари

    Оваа софтверска платформа им овозможува на бизнисите да прифаќаат плаќања преку Интернет, со клиенти почнувајќи од мали вебстрани па се до Амазон и Фејсбук.

    1. Рипл, 10 милијарди долари

    Олеснува меѓународни плаќања, вклучително и со криптовалутата создадена од нејзините основачи, XRP, за 300 институционални клиенти, вклучувајки и Стандард Чартерд и Сантандер.

    1. Coinbase, 8,1 милијарди долари

    Откако се постави како безбедна и регулаторна платформа за тргување и размена со криптовалути, Coinbase започна да нуди личен паричник и нови валути наменети за оние кои што бараат поголема приватност.

    1. РобинХуд, 7,6 милијарди долари

    Станува збор за мобилна апликација која нуди бесплатна трговија со акции, ЕТФ, опции и

    криптовалути. Кон крајот на минатата година, таа започна со „управување со готовина“, за кое наплаќа камата од 1,8% на неистражени пари во вашата брокерска сметка.

    1. Чајм, 5,8 милијарди долари

    Бидејки е банка само за мобилни телефони, Чајм нуди банкарски сметки без плаќање надомест.

    1. Плејд, 5,3 милијарди долари

    Плејд ги поврзува апликациите за плаќање како што се Square Cash и апликациите за лични финансии како што се Acorns на банкарските сметки на корисниците за пренесување и следење на средства.

    1. SoFi, 4,8 милијарди долари

    SoFi се прошири за да понуди многу финансиски услуги, вклучувајќи лични заеми, хипотеки, осигурување, проверка на сметки, заштеди и инвестирање. Има повеќе од 850.000 членови.

    1. Кредитна Карма, 4 милијарди долари

    Првичниот сервис за бесплатно следење на кредит го прошири својот придонес за бесплатна регистрација на данок преку Интернет.

    1. Опендор, 3,8 милијарди долари

    Апликација која започна минатата година, и им овозможува на купувачите да закажат тури на сопствена режија и да даваат понуди за било кој дом кој е на продажба во шест града, вклучувајќи ги Далас и Феникс.

    1. Рут, 3,7 милијарди долари

    Авто осигурител кои ги оценува своите клиенти и им ги одредува ратите за плаќање со помош на нивната мобилна апликација.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично