ПОВЕЌЕ

    Џенерал Моторс инвестира 7 милијарди долари во производство на електрични возила за да им парира на Форд и Тесла

    Време зa читање: 3 минути

    Џенерал Моторс во вторникот соопшти дека ќе инвестира 7 милијарди долари во Мичиген, од кои голем дел има за цел драматично да го зголеми производството на електрични пикапи, интензивирајќи ја со тоа битката со конкурентскиот Ford Motor за превласт на пазарот на електрични возила во Северна Америка.

    И двата американски производители на автомобили, сепак, ќе мора да се борат со сегашниот лидер Тесла, кој наскоро ќе отвори втора американска фабрика во Остин, Тексас, и е на пат да продаде повеќе од 1 милион електрични возила на глобално ниво во 2022 година.

    Џенерал Моторс соопшти дека во нивните фабрики во Детроит-Хамтрамк и во Орион Тауншип ќе можат да склопуваат повеќе од 600.000 електрични камиони годишно до крајот на 2024 година, и дека, заедно со три други фабрики во Тенеси, Онтарио и Мексико до 2025 година ќе го зголемат вкупниот капацитет за производство на електрични возила во Северна Америка на компанијата на повеќе од еден милион возила.

    Во јануари, од компанијата Форд најавија дека ќе имаат годишен капацитет од 600.000 електрични возила, вклучувајќи 150.000 пикапи F-150 Lightning, во рок од 24 месеци, со што нивната цел е да станат број 2 производител на електрични возила во Северна Америка, веднаш зад Тесла. Минатата година Форд најави дека ќе инвестира повеќе од 11 милијарди долари во нови погони за електрични камиони и батерии во Тенеси и Кентаки, заедно со корејскиот партнер SK Innovation.

    На прес-брифингот во вторникот, извршната директорка на Џенерал Моторс, Мери Бара, рече дека нивната компанија со седиште во Детроит е „посветена да ги направи САД епицентар на индустријата за електрични возила“.

    Инвестицијата на ГМ вклучува 2,6 милијарди долари со корејскиот партнер LG Energy Solution во нова фабрика за батериски ќелии во Лансинг, која ќе го снабдува Орион Тауншип и други фабрики за склопување на ГМ кога ќе биде отворена кон крајот на 2024 година.

    Синдикалните лидери во вторникот ги поздравија инвестициите во Мичиген и рекоа дека синдикатот „е подготвен да ги пречека новите членови“ во фабриката за батерии GM-LG и сестринските капацитети во Охајо и Тенеси.

    ГМ, исто така, троши 4 милијарди долари за ремонт и проширување на фабриката Орион, која ќе гради различни варијанти на новите електрични пикапи Chevrolet Silverado и GMC Sierra, рече претседателот Марк Ројс на брифингот за медиумите.

    Фабриката за батериски ќелии Лансинг ќе биде третата американска фабрика изградена од Ultium Cells, заедничкото вложување GM-LG, кое исто така гради слични објекти во Лордстаун, Охајо и Спринг Хил. Планирана е четврта фабрика за батерии во Северна Америка.

    Џенерал Моторс во јуни  лани соопшти дека ќе ги зголеми вложувањата за електрични и автономни возила на 35 милијарди долари до 2025 година, што е скок од 30% во однос на претходната прогноза.Одделно, гувернерката на Мичиген, Гретчен Витмер, рече дека предлага комбиниран попуст од 2.500 долари за купување на електрично возило и опрема за полнење. ГМ и Тесла го надминаа прагот за да се квалификуваат за федерален даночен кредит за ЕВ од 7.500 американски долари, но Конгресот размислува да го укине ограничувањето и да ги прошири федералните кредити до 12.500 долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично