ПОВЕЌЕ

    Ѓердовска и Божиновска го зголемија својот капитал во Гранит

    Време зa читање: < 1 минутa

    Од Гранит АД Скопје преку соопштение на Македонска берза информираат дека Членови на Управниот одбор и Надзорниот одбор на компанијата се стекнаа со акции од издавачот на хартии од вредност друштвото Гранит.

    Станува збор за Виолета Божиновска и Катерина Ѓердовска кои купија акции од компанијата, и со тоа го зголемија својот акционерски капитал.

    Гранит АД Скопје преку Македонска берза известува за ценовно чуствителна информација дека дел од членовите на Управниот одбор и Надзорниот одбор на ГД Гранит АД Скопје се стекнаа со акции од издавачот на хартии од вредност друштвото ГД Гранит АД Скопје:

    • Катерина Ѓердовска – член на Управен одбор се стекна со 585 обични акции
    • Виолета Божиновска – член на Надзорен одбор се стекна со 650 обични акции

    Кон крајот на септември оваа година, Катерина Ѓердовска – член на Управен одбор се стекна со 2.713 обични акции, додека пак Виолета Божиновска – член на Надзорен одбор се стекна со 2.888 обични акции.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично