ПОВЕЌЕ

    ШТО ДРУГО БИ МОЖЕЛА ДА ОПФАТИ ДАНОЧНАТА РЕФОРМА: Воведување на викенд без ДДВ, оданочување на екстра профитот на големите компании…

    Време зa читање: 3 минути

    Власта се откажа од прогресивниот данок кој требаше да стартува од први јануари. Тоа значи дека останува рамниот данок од 10 отсто на личниот доход. Нема да има ниту зголемување на ДДВ-то, данокот на добивка останува 10 отсто, а нема да се оданочуваат ниту каматите на депозитите. Граѓаните сами ќе одлучуваат дали ќе ги оданочат или не хонорарите. Ќе се зголемува данокот за луксузните производи.

    Новиот концепт во даночната политика со кој се очекува плус 70 милиони евра во Буџетот го објавија премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии, Фатмир Бесими.

    „Нашата визија е да креираме праведен, ефикасен, модерен даночен систем, кој ќе има улога во одржување на здрави макроекономски фундаменти, ќе го поддржи економскиот развој, ќе даде поддршка во општествено корисните процеси, па дури и ќе има корективна улога, како во случајот со зелените даноци. Овој концепт е направен во инклузивен процес“, изјави премиерот Ковачевски.

    Околу данокот на добивка за кој имаше долга дебата одлуката е дека доколку добивката не се реинвестира и се искористи како даночно ослободување, ќе има високи казни. Владата најави дека планира да ги одаочи компаниите кои успеаа да профитираат од енергетската криза на на кој начин ќе се изведе ова дополнително ќе се утврдува.

    Реформата предвидува зголемување на данокот од 5 на 10 отсто на луксузните производи – неколку илјади продукти.

    Малите фирми и трговците ќе имаат опција да бираат, дали ќе плаќаат данок на добивка или пак на вкупен приход.

    За хонорарците пак има можност доколку сакаат доброволно да си ги плаќаат придонесите. Освен за платите во менаџерските договори ќе се плаќа данок на личен доход и за менаџерските бенефиции како што се за стан, возило и стипендии за деца.

    Владата го намали данокот од 18 на 5 проценти за средствата за менструална хигиена.

    Министерот за финансии Фатмир Бесими пак соопшти дека постои можност да се воведе викенд без ДДВ но тој ќе важи само за прехранбените производи и би се спроведувал една или две недели за време на празници.

    „Сакаме да им дадеме можност пред се за граѓаните со понизок социјален стандард за време на празниците да си дозволат да слават, а да не плаќаат данок. Мислам дека како општество можеме да си го дозволиме тоа“ изјави министерот Бесими.

    Тој додаде дека се разгледува како можност одданочување на екстра профитот што го остваруваат некои големи компании а идејата произлегла од јавните дебати со екрпестката јавност. Симулациите на финансии дека оваа мерка доколку била применета во 2021 година во Буџетот би донела 50 милиони евра плус. Сепак за евентуалното оданочување на екстра профитот дополнително ќе се дебатира со бизнис заедницата која би била евентуално најзасегната.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично