ПОВЕЌЕ

    Штедете во Комерцијална банка и без штедна книшка

    Време зa читање: 2 минути

    Никогаш не било полесно и побрзо да се обезбеди сигурно место за вашата заштеда. Отсега, Комерцијална банка ви овозможува денарско и девизно штедење за физички лица без штедна книшка.

    Само со еден документ, важечка лична карта или пасош, може да отворите и да располагате со средствата од вашиот паричен депозит. Уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати може да ги следите во кое било време, кога и да посакате, преку апликациите Интернет банка и мБанка на Комерцијална банка или преку Извештај за паричен депозит, достапен на шалтерите на Банката.

    Изборот на моделот на штедење со паричен депозит е ваш, согласно вашите можности, желби и потреби, а во рамките на понудата од Банката, во која ви се на располагање флексибилното денарско и девизно стандардно орочено штедење, атрактивното рентно орочено штедење и стимулативното кое носи уште поголем принос од редовниот. Секако, за сигурна иднина и добри финансиски навики на вашите деца го имаме детското штедење „Верверичка“. За штедењето преку паричен депозит важат истите каматни стапки како и за штедењето со штедна книшка.

    Останете верни на добрите навики за штедење затоа што тие ви гарантираат лична финансиска сигурност и независност.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично