ПОВЕЌЕ

    Шпанија воведува дигитален данок – на удар гигантите

    Време зa читање: 2 минути

    Шпанија има намера да воведе нов данок кој ќе го плаќаат претежно големите дигитални компании како Google, Amazon и Facebook, изјави министерката за финансии, Мариа Хесус Монтеро.

    Левичарската влада во Мадрид ги усогласи ставовите за воведување данок кој би можел да генерира милијарда евра приход на годишно ниво.

    Данок по стапка од три проценти ќе плаќаат дигиталните компании кои на глобално ниво генерираат годишни приходи од 750 милиони евра најмногу, односно 3 милиони евра и повеќе во Шпанија.

    Шпанската влада на седница донесе одлука и за воведување данок на финансиски трансакции, кој на државната каса би требало да и донесе 850 милиони евра.

    Парламентот би требало да усвои предлог закон во наредните недели, а стапување на сила на законот се очекува најдоцна во вториот квартал.

    На Шпанија итно и се потребни дополнителни 1,8 милијарди евра буџетски приходи кои се веќе предвидени во буџетот за оваа година.

    Европската комисија веќе го предупреди Мадрид да не ги зголемува трошоците за социјална помош, ако буџетските приходи не и го дозволат тоа

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично