ПОВЕЌЕ

    ЦКБ БАНКА ПРОКНИЖИ ДОБИВКА: Што очекува менаџментот за периодот што следи?

    Време зa читање: 3 минути

    ЦКБ Банка во првите три месеци од 2022 година оствари позитивен финансиски резултат од 10,04 милиони денари, којшто е значајно подобар во однос на истиот период минатата година.

    Какви се очекувањата на менаџментот на банката за периодот што следи?

    Макроекономските услови во кои Банката ја остварува својата активност во 2022 година остануваат поврзани со пандемијата од ковид-19, но и под дополнителен притисок на нови глобални предизвици. Речиси две  години подоцна, иако сѐ уште далеку од целосен капацитет, домашната економија навлегува во период на стабилизација и враќање кон претпандемиските трендови и резултати. Сепак, инфлаторните трендови во Европа предзвикани од цените на енергенсите и ескалирачката криза во Украина, не оставаат премногу простор за оптимизам. Банката будно ќе следи на какво ниво ќе се стабилизираат спротивставените трендови на ограничениот раст на инфлацијата и цените, од една страна, и растот на платите генериран со покачувањето на минималната плати, од друга страна. Истовремено, внимателно ќе се мери отпорноста на економијата на ограничувањето на трговските маржи во услови на сериозно покачени цени на енергенсите.

    Банкарскиот сектор досега покажа дека релативно брзо се приспособува на различните предизвици и веќе бележи солидни резултати и порасти. Континуираниот тренд на пад на каматните пондери кај кредитите покажува дека конкурентската борба е разгорена и дека приоритет е даден на задржување и раст на портфолијата, дури и по цена на пад на очекуваните приходи од камати. Од друга страна, под притисок на инфлацијата и според најавите од глобалните двигатели на пазарот на капитал, се насетува крајот на глобалниот тренд на пад на каматите и започнување на тренд во спротивна насока.

    Во такви услови, Банката очекува својата тековна активност до крајот на годината да ја остварува во релативно поповолни макроекономски услови, но со сè уште високо ниво на претпазливост поради геополитичките предзивици. Во наредниот период, до покажување линија на сигурен тренд на стабилизација и пазарна извесност, Банката ќе остане максимално претпазлива при преземањето нов кредитен ризик и ќе ги следи движењата и сигналите од пазарот и од НБРСМ.  Ќе продолжат континуираните напори за остварување на планираните позиции од деловниот план,  но без притоа да се компромитира високото ниво на квалитет на кредитното портфолио. Зголемената продуктна и ценовна конкурентност, пред сè, ќе оди во насока на заштита и задржување на постоечките клиенти, а ќе се користи секоја пазарна можност за бележење нови аквизиции и пораст.

    Со цел да се олесни пристапот до услугите и безбедноста на клиентите, ќе продолжат напорите за модернизирање на постојниот технолошки сетап на Банката. Следејќи ги современите текови во развојот на информатичките технологии во банкарското работење, Банката и понатаму ќе продолжи да ги развива и усовршува и алтернативните канали за дистрибуција, со цел намалување на ризикот од ширење зараза и зголемување на достапноста.

    Посветеноста кон зголемување на квалитетот и ефикасноста во клиентската услуга и зголеменото клиентско задоволство остануваат во врвот на приоритетите за претстојната година. Банката ќе се стреми кон одржување позитивна и стимулативна работна атмосфера, преку поттикнување на иницијативите и наградување на реалните резултати и успеси.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично