ПОВЕЌЕ

    Централна кооперативна банка вработува ревизор

    Време зa читање: 3 минути

    Централна кооперативна банка АД Скопје има потреба од вработување на 1 лицe за работно место Помлад ревизор во Служба за внатрешна ревизија во Скопје.

    Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

    Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

    Неделно работно време: понеделник – петок

    Работното место воглавно ги содржи следниве активности:

    –         Како дел од тимот на внатрешна ревизија, учествува во фазите од ревизорскиот процес и извршување на активностите поврзани со внатрешната ревизија преку давање на независно и објективно уверување и консултантски активности со цел додавање на вредност и подобрување на работењето на Банката.

    –         Врши следење на почитувањето на регулативната рамка, политиките и процедурите на Банката, етички принципи и прифатените професионални стандарди за вршење на ревизија, како и имплементацијата на политики и процедури за спроведување на ревизорските процеси и други редовни операции во внатрешната ревизија.

    –         Врши ревизорски тестови и врши подготовка на работна документација како поддршка за извршување на ревизорскиот ангажма, документи, тестови и резултати.

    –         Следење и почитување на регулативата како и документи и информации добиени од претпоставен во врска работењето на банката.

    –         Подготвување и презентација на извештаи за утврдени наоди од ревидираната област до Раководителот на Службата за внатрешна ревизија, периодичен мониторинг на спроведувањето на препораките за издадените наоди и следење на корективни акции.

    –         Врши други релевантни активности дадени од претпоставените.

    Кандидатите треба да располагаат со високо образование од областа на економските науки, а избраниот кандидат треба да поседува:

    –         со најмалку 2 години работно искуство;

    –         oдлично познавање на работа со компјутери;

    –         познавање на англиски јазик;

    –         способност за тимска работа;

    –         самоиницијативност;

    –         одговорност;

    –         лојалност

    Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Вашите кратки биографии заедно со пропратно писмо испратете ги во електронска форма на e-mail: [email protected] со назнака „за оглас“.  Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.

     

    Огласот ќе биде активен заклучно со 27.10.2022 година.

    Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации ќе бидат повикани на интервјуа кои ќе се одржат во просториите на Централна кооперативна банка АД Скопје.

    Рокот за избор на кандидати е до 45 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично