ПОВЕЌЕ

    ЦДХВ со препорака да се користи дистрибутивниот систем на Депозитарот

    Време зa читање: 2 минути

    Согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија за мерките за спречување на внесување и ширење на коронавирусот COVID-19 („Службен весник на РСМ“ бр.62/2020), услугите за издавање на акционерски книги и останати извештаи за издавачи, ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА ГИ ОБЕЗБЕДИТЕ ПРЕКУ ДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ НА ДЕПОЗИТАРОТ.

    За користeње на услугите преку Дистрибутивниот систем на Депозитарот, единствено е потребно Вашата компанија со Депозитарот да склучи Договор за обезбедување на услуги преку Дистрибутивниот систем на Депозитарот за издавачите. Договорот го доставувате до Депозитарот во четири примероци, потпишан од овластеното лице на издавачот, со печат и архивски број. Во прилог кон Договорот, потребно е да доставите и Tековна состојба издадена од Централниот регистар на РСМ.

    Подетални информации за постапката на регистрација, вклучувајќи го и преземањето на договорот се достапни на следниот линк: https://portal.cdhv.mk/Login.aspx, во делот “Постапка за регистрирање на издавач”, каде што се наведени линковите за преземање на договорот и корисничкото упатство за издавачи.

    За дополнителни прашања во врска со регистрацијата во Дистрибутивниот систем, може да се обратите до Васка Кантурска-Балевска, раководител на Дирекцијата за деловни операции на e-mail адресата: [email protected] или на телефонскиот број 02/ 3 299 806 и Бојан Московски, вработен во Дирекцијата за деловни операции на e-mail адресата: [email protected] или на телефонскиот број 02/ 3 299 800.

    За техничка поддршка во врска со користењето на Дистрибутивниот систем, може е да се обратите до вработените во ИТ Директицијата на Депозитарот: Саша Стојановиќ на e-mail адресата: [email protected] и Виолета Тодоровска Јовановиќ на e-mail адресата: [email protected], или на телефонскиот број 02/ 3 299 812.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично