ПОВЕЌЕ

    Халк Банка издава нови акции во вредност од 1.845.000.000 денари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Со деветнаесеттата емисија на акции Халк Банка АД Скопје ќе издаде обични акции со номинална и продажна вредност од 10.000 денари по акција, со вкупен износ на емисијата од 1.845.000.000 денари.

    Зголемувањето на основната главнина со нови парични влогови се врши за познат купувач, односно за  институционалниот инвеститор кој воедно е и акционер на Банката- Халк банка А.Ш. Турција (Türkiye Halk Bankasi Anonim Şirketi),од  Република Турција.

    Халк Банка АД Скопје издава нови акции заради зголемување на капиталот и обезбедување на оптимална адекватност на капиталот во наредниот период.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично