ПОВЕЌЕ

    Халкбанка ќе ги исплати декемвриските пензии на 30-ти декември

    Време зa читање: < 1 минутa

    По повод претстојните Новогодишни и Божиќни празници Ве известуваме дека Халкбанк АД Скопје декемвриската пензија ќе ја исплати на 30.12.2019 година за сите пензионери кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на сметка во Халкбанк АД Скопје.

    На овој начин сакаме да излеземе во пресрет на сите приматели на пензија преку Халкбанк за да можат што поубаво да ги поминат празниците.

    Од следниот месец исплатата на пензија ќе продолжи на секој 1ви во месецот, односно, доколку предвидениот ден е викенд тогаш исплатата се поместува за следниот работен ден.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично