ПОВЕЌЕ

    Фејсбук и Инстаграм ќе ги наградуваат креаторите на содржини со над 1 милијарда долари

    Време зa читање: 2 минути

    Генералниот извршен директор на Фејсбук, Марк Зукерберг, соопшти дека компанијата ќе започне со исплата на преку 1 милијарда долари како награда за креаторите на содржини на платформите Фејсбук и Инстаграм во текот на 2022 година, пишува Банкометар.

    Инвестицијата ќе вклучува бонус програми кои на креаторите на содржини ќе им носат дополнителни пари за постигнувањето на одредени квоти во употребата на алатките на Фејсбук и Инстаграм, односно за создавањето на повеќе свои оригинални содржини.

    Фејсбук планира да лансира специјална секција за креаторски бонуси во рамки на Инстаграм уште ова лето, а од на есен и на Фејсбук. Ова ќе им овозможи на креаторите на содржини да научат повеќе за бонусите кои им се достапни и дали тие ги исполнуваат условите за исплата. Засега, бонусите се достапни само по специјална покана од компанијата.

    Програмите за награди ќе ги опфаќаат креаторите на Фејсбук видеа и содржини поврзани со гејминг, како и Инстаграм корисниците на IGTV, Instagram Live и особено Instagram Reels.

    „Сакаме да ги изградиме најдобрите платформи за милиони креатори да можат да заработуваат за живот, па затоа создаваме нови програми за да инвестираме над една милијарда долари и да ги наградиме креаторите за одличните содржини што ќе ги создаваат на Фејсбук и Инстаграм во текот на 2022 година,“ посочи Зукерберг.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично