ПОВЕЌЕ

    Фабрика за чипс, нови милионски инвестиции и преку 1.000 вработувања, најавува Павлески

    Време зa читање: 2 минути

    Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески денеска најави дека во земјава ќе биде отворена првата фабрика за чипс. Во тек се, рече Павлески, и контакти со неколку други компании за кои е извесно дека ќе инвестираат.

    Според него, има преговори и со компанија во делот на автомотив индустријата чија инвестиција се проценува на повеќе милиони евра и која треба да отвори над 1.000 вработувања. Исто така е извесно дека до крајот на годината ќе почне со работа и компанија од услуги и сервиси која ќе отвори нови 500 вработувања со солидни плати.

    -Сакам да испратам една охрабрувачка порака, дека економијата полека се враќа во нормалнет тек. Сепак, се зависи од случувањата на светско ниво поради пандемијата. Покажавме отпорност како економија и мислам дека сме на добар пат. Има доста заинтересирани инвеститори, нашата држава е препознаена како добро подрачје за инвестиции кое нуди многу поволности. Во тек се неколку инвестиции, но имаме контакти и со неколку компании за кои е извесно дека ќе инвестираат. Може да најавам нова фабрика за чипс која ќе биде прва и единствена во нашата држава, друга во Битола ќе инвестира пет милиони евра во проширување на своите капацитети со над 100 нови вработувања, ќе го развуват својот центар за истражувања и развој, истакна директорот откако претходно соопшти дека македонските компании може да се пријавата за наградите „go global” на Меѓунардониот трговски совет.

    Иако имаше црни сценарија, минатата година, рече Павлески, заврши со 206 милиони евра странски инвестиции. Тоа е за околу 15 отсто повеќе во споредба со 2017 година

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично