ПОВЕЌЕ

    УЈП ГИ ПОВИКУВА ГРАЃАНИТЕ да извршат увид во годишните даночни пријави за 2022

    Време зa читање: 2 минути

    Граѓаните да извршат увид во годишните даночни пријави за 2022, кои Управата за јавни приходи ги постави на корисничките профили во „е-Персонален данок“, за вкупниот доход кој го оствариле во текот на минатата година.

    Од УЈП упатуваат дека секое лице регистрирано на системот „е-Персонален данок“ е должно на својот кориснички профил да ја прегледа годишната даночна пријава и да ја потврди доколку се согласува со податоците содржани во неа. Или, пак, да изврши исправка доколку обврзникот смета дека податоците не се точни.

    Рокот за потврда или корекција на даночната пријава е 31 мај. По истекот на законскиот рок потврдените пријави и пријавите кои ниту биле потврдени, ниту коригирани, ќе се сметаат за конечни и ќе добијат таков статус. Што се однесува до пријавите кај кои ќе има исправки, за нив ќе се одлучува во рок од 60 дена. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава, ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2022 година.

    Кај обврзниците во чија ГДП се појавува обврска за доплата на данок, по добивањето на конечниот статус – по 31 мај, ќе се изгенерира налог за доплата, кој се наоѓа во самата даночна пријава, а кај обврзниците во чија ГДП се појавува повеќе платен данок, може да искажат барање за враќање на данокот во самата пријава, посочуваат од УЈП.

    И, апелираат до граѓаните кои оствариле доход во земјата и странство во пари, хартии од вредност, натура или друг вид, а се уште не се регистрирале на системот „е-Персонален данок“, тоа да го сторат во најкраток можен рок, имајќи ги предвид бројните придобивки на користењето на системот.

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично