ПОВЕЌЕ

    УТРЕ Е ДЕНОТ: Еурохаус АД Скопје ќе овозможи тргување со акции на Македонската Берза без надоместоци

    Време зa читање: 2 минути

    Брокерската куќа Еурохаус АД Скопје  и оваа година се приклучи кон иницијативата за организација на „Инвеститорски ден“, а која е поддржана и од останатите институции – чинители на пазарот на хартии од вредност.

    Еурохаус АД Скопје ќе им овозможи на сите свои постојани клиенти – домашни физички лица на ден 13.09.2021 година да тргуваат на Македонската берза без надоместоци во висина до 10.000 евра во денарска противредност по индивидуален клиент, за склучени нормални трансакции на берзата.

    Како една од водечките брокерски куќи на македонскиот пазар на капитал, Еурохаус успешно функционира веќе 13 години, стекнувајќи високо реноме меѓу своите клиенти и помеѓу останатите учесници на пазарот на капитал. Во насока на интензивирање на тргувањето на домашниот пазар на капитал, подигнувањето на нивото на едуцираност и интерес за инвестирање во домашните хартии од вредност, Еурохаус АД Скопје даде поддршка и оваа година на иницијативата.

    Еурохаус АД Скопје Ве поканува да земете учество на вториот Инвеститорски ден и да ја искористите можноста за активно тргување на Македонската берза.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично