Успешна прва волонтерска акција под мотото „Помогни на пензионер денес затоа што тебе утре ќе ти треба помош“!
Вчерашниот ден го пројдовме во набавка и достава на намирници на пензионерите кои ја побараа нашата помош.
Доколку сте пензионер или познавате пензионер кому му треба помош во обезбедување на секојдневните намирници, секој работен ден, од 09:00 до 17ч, јавете се на бесплатниот телефонски број 0800 11 800, стои во објавата на Мапас.
Обезбедувањето на намирниците за пријавените пензионери во рамките на акцијата се одвива секој четврток, до 15ти декември, во општините во Скопје.
Услугата е бесплатна и при доставата треба да се покријат само трошоците за набавените продукти.
Повеќе фотографии од волонтерската акција на следниот линк [ линк ]
Поврзана вест: АКЦИЈА НА МАПАС И НА ПЕНЗИСКИТЕ ДРУШТВА: ВОЛОНТЕРИ ЌЕ КУПУВААТ НАМИРНИЦИ НА СКОПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ