ПОВЕЌЕ

    УНИБанка АД Скопје започна партнерство со Кроациа Осигурување

    Време зa читање: 2 минути

    Банкоосигурувањето како иновативно партнерство помеѓу банките и осигурителните компании е се повеќе застапено во Македонија. Кроациа осигурување во своето портфолио на работење оваа пракса ја гради веќе со години.

    „Горди сме на воспоставеното партнерство помеѓу Кроациа и УНИБанка, почнуваме соработка на полето банкоосигурување со која ќе можеме во целост да ги задоволиме барањата на клиентите од секаков тип. Ваквите партнерства се важни за банките и осигурителните компании од многу аспекти. Со поврзување на банкарските и осигурителните услуги, се овозможува сеопфатна понуда за клиентите на едно место да ги добијат сите финансиски услуги”, велат од УНИ банка.

     

    УНИБанка и Кроациа осигурување низ периодот на своето работење докажаа дека се силни и стабилни финансиски институции, а тоа го потврдија со огромниот број на осигуреници и клиенти.

    Со оваа соработка УНИБанка го проширува портфолиото и на своите клиенти ќе им понуди низа придобивки, кои пред сѐ се насочени кон обезбедување на дополнителна финансиска заштита на личните и семејните финансии, а Кроациа осигурување добива можност своите квалитетни производи да ги доближи до граѓаните.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично