ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка го проширува својот тим во Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка А.Д. Скопје го проширува својот тим и објавува:

    ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО Благајник во филијала Скопје
    (1 извршител)

    Потребни квалификации и способности:

    • Високо образование од областа на економијата и финансиите, правни науки, организациски науки и управување (менаџмент)
    • Работно искуство во банка или финансиска институција ќе се смета за предност
    • Ориентираност кон клиенти
    • Комуникациски и организациски вештини
    • Способност за тимска работа
    • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери

    Краток опис на работно место:

    • Благајничко работење и работење во платниот промет согласно упатствата и законската регулатива
    • Безготовински платен промет во земјата и во странство
    • Готовински уплати и исплати
    • Брз трансфер на пари
    • Менувачки работи
    • Трезорско работење
    • Отворање, сервисирање и затворање на трансакциски сметки
    • Продажба и сервисирање на депозитни производи на банката
    • Продажба и сервисирање дебитни и кредитни картички
    • Трајни налози
    • Продажба на сервисот Електронско банкарство

     

    Работно време:

    40 часовно неделно работно време распоредено во рамки на работното време на  Филијалата (понеделник – петок 08:00-17:00 и сабота 09:00-13:00)

     

    Локација на работното место:

    Експозитура во рамки на филијала Скопје

     

    Останати информации:

    Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на македонски јазик, копија од уверение за завршено образование и други документи кои ги сметаат за релевантни (препораки, потврди, сертификати) најдоцна до 06.02.2022 година (недела), со назнака: „Апликација за благајник во Скопје “ на следната е-маил адреса: [email protected].

    Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

    Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде  45, 90 или 120 дена, по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично