ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка АД Скопје ја продолжи промотивната понуда за кредитни производи за физички лица до 31 март 2020 година

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка АД Скопје ја продолжи промотивната понуда за потрошувачки, хипотекарни и станбени кредити до 31 март 2020 година. Во рамките на промотивната понуда, корисниците можат да аплицираат за кредитите со намалени трошоци за одобрување, односно без трошоци за процена за кредитите обезбедени со хипотека на недвижен имот.

    Со цел обезбедување максимална поддршка за корисниците, Банката континуирано го унапредува квалитетот и нуди широк избор на кредитни производи со поволни каматни стапки и услови за одобрување.

    Корисниците имаат можност да аплицираат за СУПЕР станбениот кредит со ФИКСНА каматна стапка во првите пет години, односно 2,85% во првите три години и 3,85% во четвртата и петтата година од отплатата, а 5,85% променлива каматна стапка во останатиот период од отплатата.

    Банката го нуди хипотекарниот кредит во денари со ФИКСНА каматна стапка од 4,9% во првите три години, односно 6,08% променлива годишна каматна стапка за останатиот период со рок на отплата до 240 месеци.

    ПРЕМИУМ СМАРТ ненаменскиот потрошувачки денарски кредит е достапен со ФИКСНА каматна стапка од 5,50% во првата година, односно 7,46% променлива  каматна стапка во останатиот период, без жиранти во зависност од месечните примања.

    И понатаму во фокусот на ТТК Банка АД Скопје останува понудата на производи и услуги по атрактивни кредитни услови, брза и едноставна постапка за одобрување на кредитите, комуникација со вработените на 28 локации, 24/7 поддршка преку платформите на електронското банкарство   TTK E-bank и мобилното банкарство TTK M-bank, а со цел да се излезе во пресрет на секојдневните потреби.

    Промотивната понуда важи за сите поднесени апликации за кредити до 31.3.2020 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично