ПОВЕЌЕ

    ТРОШОЦИ НА ЖИВОТ: Цените на мало во декември 2021/2020 зголемени за 6%

    Време зa читање: 5 минути

    Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во декември 2021 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.4, а индексот на цените на мало 100.9. Индексот на трошоците на животот во 2021 година, во однос на 2020 година, бележи пораст од 3.2%, а индексот на цените на мало е 4.3%.
    За илустрација, подолу се презентирани стапките од последните неколку години:

    Движењето на индексот на трошоците на животот во 2021 година беше различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во групите: Транспорт за 9.9%, Ресторани и хотели за 5.9%, Алкохолни пијалаци,
    тутун и наркотици за 3.8%, Храна и безалкохолни пијалаци за 3.1%, Здравје за 2.9%, Домување, вода, електрика, гас и други горива и Рекреација и култура за 2.7%, Разновидни стоки и услуги за 1.4%, Мебел, покуќнина и одржување на
    домаќинствата за 1.0%, Облека и обувки за 0.2%. Намалување на индексите е забележано во групата: Комуникации за 0.5%. Групата Образование е на ниво од претходната година.

    Движењето на индексот на цените на мало во 2021 година, исто така, беше различно кај одделни групи производи. Пораст на индексите е забележан во сите групи: Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 5.2%, Услуги за 4.5%, Земјоделски производи за 3.3%, Индустриско-прехранбени производи за 2.6% и Пијалаци за 1.0%.

    Индексот на трошоците на животот во декември 2021 година, вo споредба со декември 2020 година, забележа пораст од 4.9%, а индексот на цените на мало забележа пораст од 6.0%.
    За илустрација, подолу се презентирани стапките од последните неколку години:

    Индексот на трошоците на животот во декември 2021 година, во однос на претходниот месец, забележа пораст од 0.4%. Зголемувањето на индексот на трошоците на животот во декември 2021 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на прехранбените производи, неспоменати на друго место за 2.2%, маслото и
    маснотиите за 1.6%, виното за 1.5%, лебот и житата за 1.4%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.1%, месото за 0.8%, сирењето и урдата за 0.6%, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите идругите коренести плодови за 0.5%, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.4%, рибата и морските плодови за 0.2%.

    Исто така, во декември 2021 година, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 20.6%, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 6.1%, услугите за рекреација и спорт за 3.7%, информатичката опрема за обработка на податоците за 2.4%, другите медицински производи за 2.3%, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 2.1%, патниот патнички транспорт за 2.0%, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, услугите за сместување за 1.5%, цврстите горива за домаќинствата, медицинските услуги за 1.4%, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, книгите за 1.2%, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, парамедицинските услуги, ветеринарните и другите услуги за домашните миленици за 1.1%, малите електрични апарати за домаќинствата, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 1.0%, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, медиумите за снимање за 0.9%, поправките и изнајмувањето обувки за 0.8%, чистењето, поправката и изнајмувањето облека, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема, домашните миленици и сродните производи за 0.7%, малите алатки и останатите додатоци за
    0.6%, градините, растенијата и цвеќињата, рестораните, кафулињата и слично за 0.5%, фризерските салони и центрите за разубавување, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.4%, облеката, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства, игрите, играчките и хобијата за 0.3%, фармацевтските производи за 0.2%.

    Намалување на индексите на трошоците на животот во декември 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 5.3% и жестоките пијалаци за 0.3%. Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата
    за 4.1%, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 4.0%, гасот за домаќинствата за 2.7%, туристичките аранжмани за 1.6%, електричните апарати за лична хигиена за 1.5%, големите алатки и опрема за 0.6%, обувките,
    опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, другите печатени материјали за 0.3%.

    Во 2021 година, по месеци, се остварени следните стапки:

     

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично