ПОВЕЌЕ

    Три први и три втори места за вработените од Комерцијална банка на синдикалните спортски игри

    Време зa читање: 2 минути

    Тимскиот дух, посветеноста и желбата за успех повторно придонесоа за одлични резултати на вработени во Комерцијална банка – овој пат на годинашните спортски игри во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија по повод Светскиот ден на штедењето – 31 Октомври.

    Три први места освоија вработените на Комерцијална банка и тоа во категориите фудбал (мажи), одбојка (мешана екипа) и пинг понг (жени).

    На второ место завршија тимовите што се натпреваруваа во кошарка (мажи), куглање (мажи) и куглање (жени). Комерцијална банка имаше свои претставници во сите спортски категории, а одличните резулати беа постигнати во конкуренција на вработени од седум финансиски институции.

    Комерцијлна банка ги поддржува своите вработени и понатаму да останат посветени на спортскиот дух и тимската работа затоа што на тој начин успехот во животот и во работата е загарантиран.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично