ПОВЕЌЕ

    Триглав објавува оглас за вработување на Стручен соработник за внатрешна ревизија

    Време зa читање: 2 минути

    Триглав Осигурување АД, Скопје Ве поканува да аплицирате на огласот за вработување за работното место

    Стручен соработник за внатрешна ревизија

    ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

    • Поддршка во процесот на внатрешно ревидирање на работењето на Друштвото, во согласност со актуелните прописи, начела и важечките стандарди на внатрешна ревизија и актите за работа на внатрешните ревизори;
    • Поддршка и координацијата во спроведувањето на работи на внатрешната ревизија;
      Учество во спроведување на редовни/планирани, вонредни и ненајавени ревизорски прегледи;
    • Учество во проверката на усогласеноста на работењето на Друштвото со законските прописи, другите прописи како и со деловната политика и внатрешните акти на Друштвото;
    • Учество во подготовка на политика и постапки при обавување на работите на внатрешна ревизија;
    • Учество во подготовка на Годишната програма за работа и детален оперативен план за спроведување на годишната програма за работа на Службата.

    МЕСТО НА РАБОТА: Седиштето на Друштвото

    РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

    • Учество во подготовка на годишен извештај за работа на внатрешна ревизија;
    • Учество во подготовка на периодични извештаи за спроведена внатрешна ревизија;
    • Следење и проверка на статусот на реализација на ревизорските препораки за подобрување на состојбата, отстранување на незаконитости и неправилности констатирани при спроведување на внатрешна ревизија;
    • Подготовка на поединечни извештаи за извршените ревизии;
    • Соработка со надворешните ревизори и надлежните лица на матичното друштвото.

    ОД КАНДИДАТОТ ОЧЕКУВАМЕ:

    • Универзитетско образование од економски науки;
    • Организациски способности;
    • Одлични комуникациски вештини;
    • Kомпјутерски вештини;
    • Подготвеност за самостојна работа и предлагање на нови методологии и пристапи во работата;
    • Самоиницијативност, посветеност, прецизност, проактивност, одговорност.

    ПОТРЕБНО ИСКУСТВО:

    Минимум 3 години работно искуство во подрачјето на екстерна ревизија.

    НА ИЗБРАНИОТ КАНДИДАТ МУ НУДИМЕ:

    • Интересна и динамична работа, можност за личен и стручен развој;
    • Работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења;
    • Соработка на проекти во меѓународна околина;
    • Стручно усовршување, посета на курсеви за дополнување на знаењето во земјата и странство;
    • Основна нето плата од 37.000,00 мкд и повеќе, во зависност од квалификациите на кандидатот.

    Рок за пријавување: 29.09.2022.

    [ПОДНЕСИ АПЛИКАЦИЈА – ТУКА]

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично