ПОВЕЌЕ

    Телеграм добил 70 милиони нови корисници по падот на Фејсбук

    Време зa читање: 1 минутa
    Апликацијата Telegram во понеделник стекна повеќе од 70 милиони нови корисници благодарение на 6-часовната блокада на Facebook, Messenger, Instagram и WhatsApp.

    Од Facebook тврдат дека падот е поради „погрешна промена на конфигурацијата“ која спречи 3,5 милијарди да пристапат до услугите на WhatsApp, Instagram и Messenger.

    „Дочекавме ‘мигранти’ од други платформи, преку 70 милиони во еден ден“, напиша Дуров, основачот на Telegram, на својот канал на Telegram. Тој додаде дека некои корисници во Северна и Јужна Америка можеби имале малку потешкотии бидејќи милиони корисници се приклучија на Telegram за кратко време.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично