ПОВЕЌЕ

    СТОПАНСКА БАНКА СО 34% ПОРАСТ НА ДОБИВКАТА ПРЕД ОДАНОЧУВАЊЕ: Какви се очекувањата на менаџментот за претстојниот период

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанска банка АД Скопје во првата половина од 2022 година оствари добивка пред оданочување во износ од 1.628.201 илјади денари. Како резултат на интензивната активност на Банката, целосно поставена на прудентни основи, сите приходни позиции од билансот на успех за првото полугодие од 2022 година, покажуваат соодветен раст. Притоа, и покрај зголемените цени на енергијата и на другите стоки и услуги, Банката успеа да ги одржи оперативните трошоци на релативно исто ниво споредено со претходниот период. Сето тоа, заедно со намалувањето на трошокот за исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, резултираше со зголемена добивка пред оданочување за 34%, во однос на истиот период од минатата година. Вкупната актива на Банката на крајот на јуни 2022 година изнесува 115.585.072 илјади денари и е поголема за 1% во однос на износот на активата на 31.12.2021 година.

    КАКВИ СЕ ОЧЕКУВАЊАТА НА МЕНАЏМЕНТОТ ЗА ПЕРИОДОТ ШТО СЛЕДИ?

    Стопанска банка ќе ги продолжи своите активности согласно деловниот план, истовремено водејќи грижа за зачувување на квалитетот на кредитното портфолио во услови на зголемени ризици во севкупната околина, поддршка на работењето на клиентите во сите сфери, како и целосно исполнување на сите регулаторни обврски. Грижата за стабилноста, ликвидноста, прудентното управување со ризиците и посветеноста на одржување на лидерската позиција во банкарскиот систем, останува во доменот на основните приоритети и во наредниот период.

    Во текот на анализираниот период Банката доби дозвола за извршување на лизинг услуги со што ја прошири палетата на своите производи и услуги за компаниите и населението. И понатаму како приоритет остануваат новите дигитални и функционални можности за клиентите преку веќе воспоставената комуникациска инфраструктура. Грижата за општествената заедница и вработените исто така остануваат на преден план, со иста приоритетна важност како останатите спомнати таргети.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично