ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка Битола го зголемува тимот: Отворени се огласи за неколку работни позиции

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанска банка АД Битола е во потрага по нови, образовани, талентирани и високо мотивирани кадри кои ги препознаваат предизвиците на новите времиња. Актуелни се огласите за следните работни позиции:

    Оглас за вработување на Постар администратор за комуникација(Senior)

    ИТ Специјалист

    Техничко лице

    Исто така, постои можност да се аплицира за влез во базата на кандидати кои ќе бидат земени предвид кога ќе се отвори соодветна позиција:

    Редовно годишно надополнување на базата на потенцијални кандидати

    За да одговори на потребите и барањата од клиентите, битолската Стопанска банка се стреми кон континуирано унапредување, усовршување и надградување. Затоа и е отворена за заинтересираните на кои им одговара динамична и средина која нуди можности за развој и унапредување на знаењата и вештините.

    Кратка биографија може да се испрати на [email protected].

    Сите апликации кои се однесуваат на некој од активните огласи ќе бидат разгледувани согласно процедурите на Банката и важечките законски прописи. Останатите, пак, ќе се регистрираат во базата на податоци за потенцијални кандидати, со можност да можат да бидат контактирани доколу се појави потреба.

    Од Стопанска банка Битола нагласуваат дека сите биографии и документи испратени со апликацијата ќе се третираат како строго доверливи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично