ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка а.д. Битола оваа недела спонзор на два значајни настани

    Време зa читање: < 1 минутa

    Стопанска банка а.д. Битола е препознатлива по поддршката која ја изразува во различни области – култура, уметност, спорт. Оваа недела Банката е спонзор на два значајни настани кои се обележје за градот Битола.

    Банката го спонзорираше филмскиот фестивал ,,Браќа Манаки” кој е еден од двата најголеми кинематографски, европски фестивали, посетен од познати, реномирани филмски и музички ѕвезди. Фестивалот и оваа година се одржа во градот Битола.

    За само два дена, Стопанска банка а.д. Битола повторно ја изразува својата поддршка на најголемиот спортски настан во градот, трката ,,Трчај бе’’.

    4тото издание на еден од најголемите и најмасовни спортски настани не само во Битола туку и во целата држава ќе се одржи на 4ти септември, ќе учествуваат повеќе од 1400 учесници од 12 земји од Светот.

    Со овие активности, Стопанска банка а.д. Битола само ја потврдува својата континуирана насоченост кон изразување на поддршка и афирмација на значајни културно-општествени вредности.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично