ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка АД Скопје ќе ги исплати пензиите на 28-ми декември

    Време зa читање: < 1 минутa

    Ве известуваме дека Стопанска банка АД – Скопје, на 28-ми декември 2019 (сабота), ќе изврши исплата на декемвриските пензии за оние пензионери кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија (ПИОСМ) на нивна денарска сметка во Стопанска банка АД-Скопје.

    Подигањето на Вашата пензија може да го извршите на широката мрежа на банкомати и филијали на Банката.

    По исплата на декемвриските пензии, останува во примена редовната динамика за исплата на пензиите на првиот работен ден во месецот. За повеќе информации, обратете се во Филијалите на Банката или во 24/7 Контакт Центарот (02) 3100 109.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично