ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка АД Скопје со најава за понуда за поддршка на клиентите корисници на кредитни производи

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанска банка АД – Скопје целосно ја разбира вонредната ситуација во која се наоѓаме а воедно чувствува и високо ниво на општествена одговорност да преземе неопходни мерки со кои ќе биде од дополнителна поддршка на индивидуалните клиенти и на компаниите за ефективно да ја надминат оваа ситуација креирана од глобалната пандемија и вонредната состојба во земјата.

    Конкретната понуда за клиентите ќе следува на почетокот на следната недела, целосно во склад со регулативите на НБРСМ и истата ќе вклучува можности за одложување на отплатата на долговите во период до 6 месеци или прилагодување соодветно на условите и потребите.

    Јавноста треба да биде уверена дека Банката доследно ќе ја одигра својата улога на системска банка, ќе застане во поддршка на своите клиенти и како и досега ќе ја докаже својата изградена општествена одговорност.

    Во претстојниот период ве молиме да ги следите објавите на нашата веб страница, каде понудата ќе биде детално објаснета. Преку нашите филијали, контакт центар и другите канали за комуникација не можете да добиете дополнителни информации се додека официјално не биде објавена понудата, стои во објавата.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично