ПОВЕЌЕ

    Стартува ослободувањето на аконтации за данок на добивка и данокот на личен доход за доход остварен од вршење на самостојна дејност

    Време зa читање: 3 минути

    27 март 2020, Скопје – Даночните обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејност и обврзниците на данокот на добивка можат да бидат ослободени од плаќање аконтации, со цел задржување поголема ликвидност и премостување на првите ефекти од кризата предизвикана од коронавирусот. Оние што ќе поднесат барање до Управата за јавни приходи имаат право да бидат ослободени од плаќање месечни аконтации за март, април и мај 2020 година.

    Користење на оваа мерка можат да побараат даночните обврзници согласно Националната класификација на дејности од угостителската дејност (шифра 56- дејности за подготовкa и служење храна), туризам (шифра 79-туристички агенции, организатори на патувања и останати резервациски услуги како и дејности поврзани со нив и шифра 55-објекти за сместување) и транспорт (шифра 49-копнен транспорт,шифра 50-воден транспорт и шифра 51-воздухопловен транспорт).

    Исто така, оваа мерка можат да ја користат и други даночни обврзници, кои имаат претрпено штети во работењетопоради здравствените мерки за спречување ширење на вирусот Ковид-19, доколку исполнуваат еден од следните услови:

    -вкупните приходи им се намалени за најмалку 40% во тековниот месец во однос на  февруари 2020 година или намалувањето на вкупните приходи од 2020 година е повисоко од 40% во однос на истиот период лани;

    -бројот на вработени што не работат, односно не придонесуваат во економската активност на даночниот обврзник – работодавач, изнесува најмалку 25% од вкупниот број  вработени во февруари 2020 година и

    -даночниот обврзник затворил најмалку 50% од продажните места преку кои го остварува профитот.

    Даночните обврзници – правни лица, за да ја користат оваа мерка, треба да ги исполнуваат следните услови:

    – да не го намалат бројот на вработени од денот на влегување во сила на уредбата (26 март 2020 година) до три месеци по престанувањето на нејзината важност, освен во случај на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените;

    – да не исплаќаат дивиденди на сопствениците, награди за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид годишни награди на вработените и органите на управување и надзор на даночните обврзници, од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, до денот на траењето на ослободувањето.

    За да ја користат оваа мерка, даночните обврзници- физички лица што остваруваат доход од вршење самостојна дејност треба да го исполнат следниот услов:

    –      да не го намалат бројот на вработени од денот на влегување во сила на уредбата (26 март 2020 година) до три месеци по престанувањето на нејзината важност- освен во случај на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените.

    Доставувањето на барањата ќе се одвива преку системот е-пдд за обврзниците на данокот на личен доход, односно е-даноци за обврзниците на данокот на добивка, а приемот на барањата преку системите го потврдува Управата за јавни приходи во рок од 15 дена од доставување на барањето.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично