ПОВЕЌЕ

    СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД НЛБ БАНКА: Отворена позиција во Сектор за информатичка технологија

    Време зa читање: 2 минути

    НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

    Секторот за информатичка технологија има потреба од зајакнување на својот тим во сегментот на спроведувањето и воспоставување на внатрешни контроли, нивно извршување и следење со цел обезбедување успешно и ефикасно работење, заштита на податоците, информирање, комуникација, расположивост на информацијата, контролни активности и превземање на мерки со цел подобрување односно корекција на настанати грешки во позадинските обработки на целото портфолио на Банката.

    Доколку имате амбиции и желби за развој во овој домен, Ве мотивираме да се пријавите на отворената работна позиција:

    Твоите работни цели:

    • Реализација на масовните обработки на податоци по добиени инструкции и упатства;
    • Следење и документирање на процесот на извршување на масовните обработки на податоците, спроведување на контроли за правилно извршување на активностите преку преглед на контролни извештаи;
    • Констатирање на настанати грешки при книжењето и обработките, разрешување, координација или пријавување до деловната страна и развојните проектанти во ИТ секторот;
    • Соработка во планирањето на активностите и информирање;
    • Спроведување на постапки за безбедност, заштита и квалитет.

    Твојот профил:

    • Минимум средно образование;
    • Познавање на позадинските процеси за книжење на портфолиото на Банката ќе се смета за предност;
    • Спремност за самостојна работа и предлагање на нови пристапи во работата;
    • Аналитички вештини, способност за тимска работа, комуникација, координирање на активностите надминување на проблеми/конфликти;
    • Користење на стандардни ИТ алатки.

    Твој мотив да ни се придружиш:

    – Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;

    – Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;

    – Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;

    – Конкурентен пакет на плата и надоместоци;

    – Приватно здравствено осигурување.

    Работното место подразбира сменска работа, односно смена во попладневните и смена во ноќните часови.

    Потврдете го вашиот интерес со доставување на кратка биографија (CV) најдоцна до петок, 05.08.2022 година, на следниот линк или на [email protected].

    Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

    НЛБ Банка е работодавач кој нуди еднакви можности за сите

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично