ПОВЕЌЕ

    Споделување идеи

    Време зa читање: 3 минути

    Генерално, секој менаџер сака вработените да го споделат она што го знаат. Сепак, истражувањата откриле дека споделувањето на инфо помеѓу колегите, пријателите и други групи, води кон поголема креативност, поголема иновативност и подобри перформанси за поединци, тимови и за организации.

    Но, од друга страна, и покрај обидите на компаниите, менаџментот сака да поттикне споделување на знаење (едукации, отворени канцелариски простории, неформални средби итн.) многу вработени го задржуваат она што го знаат и едноставно не сакаат да го споделат со другите.

    Нема да навлегуваме подлабоко во причините – зашто луѓето не сакаат да споделуваат идеи/инфо, но најчесто е поради тоа што се плашат:

    • Да не им ја украдат идејата;
    • Да не испаднат непрофесионални или неинтелигентни пред другите;
    • И на крај, едноставно се срамат да се истакнат.

    Затоа, менаџери/тим лидери/фамилија:

    Свесност – многу менаџери/тим лидери/фамилија, не се ни свесни дека криењето на знаење/идеите, кај луѓето околу вас е присутно, што всушност претставува и проблем. Може да се претпостави дека вработените, без сомнение, упатени и охрабрени, работат како тимови и споделуваат знаење како што е соодветно. Првиот чекор е следење на некооперативното однесување.

    Доверливост – една од причините, зошто не се споделуваат идеите, може да биде недостаток на доверба помеѓу луѓето. Она што е важно, потребно е да ја зголемите, прво, перцепцијата за доверливоста помеѓу колегите/пријателите со нагласување на заеднички успех, па после тоа навистина да се работи на доверливоста (прво од вас кон другите). Оваа фирма/проект/задача е заедничка и ако самите успееме, тогаш сите заедно ќе успееме.

    Споделување – вработените (и менаџерите) се под влијание на околината и културата на организацијата која и не е баш отворена кон споделување и тоа е сосема природно и ОК. Она што е важно, е да се подобри климата за споделување со нагласување на виталната важност на споделувањето на информациите и знаењето и нејзино надградување. Потребно е да се смислат начини како да се направи тоа, бидејќи, ако вработените или кој било, се најдат на удар  и бидат критикувани за споделување на знаење за информациите што го споделиле, верувајте дека шансите тоа да го направат во иднина повторно се многу мали!

    Комуникација – како што е прикажано погоре, луѓето не се целосно свесни од последиците на несподелување на знаењето и информациите. Затоа, зголемувањето на социјалната интеракција и комуникацијата помеѓу инволвираните е од витално значење и ќе помогне, во голема мера, да се разбере негативното влијание, но и потребата да се споделуваат со ентузијазам.

    Ќе завршам со порака до тие што имаат идеја/знаење, а од икс причини не сакаат да ги споделат: луѓе, не плашете се, никој нема да ви ја украде идејата или знаењето, а од друга страна, бидете свесни дека секој сака да ја слушне вашата идеја/знаење, односно да слушне нешто ново или, пак, да научи нешто ново!

    Калин Бабушки

    Член на тимот
    МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

    „Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат на www.pari.com.mk во соработка со www.tipoftheweek.co обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој:

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично