ПОВЕЌЕ

    Славески: Не е време за даночна реформа

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во вечерашното гостување во дебатната емисија „24 Анализа“ на Телевизија 24 гостуваше професорот Трајко Славески каде посочи дека воопшто не е погоден моментот за нова даночна реформа заради неколку причини.

    -Прво соочени сме со голема неизвесност, ние не знаеме што ќе се случи, нели како македонската економија ќе се снајде во наредниве неколку 4 месеци претстојната зима затоа што најавите со енергетската криза не се воопшто поволни, рече Славески.

    Славески додаде дека доколку состојбата продолжи како што и најверојатно ќе продолжи дека ќе имаме сериозен удар во економијата.

    -Второто нешто е тоа што реформа е хендикеп да се прави кога немате поддршка од значителни фактори во општеството. Сега стопанските комори се изречито против ова што го предлага министерството за финансии, кажа Славески.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично