ПОВЕЌЕ

    СИТЕ ПЕТ ЧЛЕНОВИ на Управниот одбор на Алкалоид купија акции годинава

    Време зa читање: < 1 минутa

    И петтиот член на Управниот Одбор на Алкалоид купи акции.

    Станува збор за Ѓорѓи Јованов, директор на Акционерство и имотни прашања на компанијата.

    Од Алкалоид АД Скопје преку Македонска берза известуваат дека членот на Управниот Одбор на компанијата Ѓорѓи Јованов, се стекнал со 60 обични акции издадени од Алкалоид.

    Со оваа инвестиција, со право може да се каже дека сите членови на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје во континуитет вложуваат во акцијата на Алкалоид, и тоа е позитивна корпоративна пракса.

    Акциите на Алкалоид АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидни акции на берзата.

     

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично