ПОВЕЌЕ

    Се зголемува лимитот за „Мој ДДВ“, Лукаревска вели ќе биде 2 100 денари за едно тримесечие

    Време зa читање: 1 минутa

    Од 2023 година ќе враќа за едно тримесечие 2 100 денари кај граѓаните, наместо досегашните 1 800 денари, вели директорката на УЈП

    Обезбедени се средства, имавме голема заложба и мерката „Мој ДДВ“ ќе продолжи да се реализира, на задоволство на сите, со зголемен лимит на 2 100 денари, рече директорката на Управата за јавни приходи и заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, во интервју за ТВ Сител.

    „Мерката „Мој ДДВ“ даде резултат. Обезбедени се средства за што имавме подадена рака од Министерството за финансии. Повеќе од 2 милијарди денари се предвидени во буџетот затоа што ќе го зголемиме и лимитот. Како што ветивме од 2023 година ќе враќа за едно тримесечие 2 100 денари кај граѓаните, наместо досегашните 1 800 денари“, рече Лукаревска.

    Во однос на информациите за можни злоупотреби и попречување на можноста за скенирање на фискалните сметки, Лукаревска рече дека надлежните институции се редовно на терен и интервенираат да може процесот на скенирање фискални сметки непречено да тече.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично