ПОВЕЌЕ

    САД запленија 2 милиони биткоини по хакерски напад

    Време зa читање: < 1 минутa

    Министерството за правда на САД соопшти дека успеало да  врати 2,3 милиони американски долари во крипто-валути платени од „Колонијал пајплајн”, најголемиот нафтовод во САД, по хакерски напад врз таа компанија минатиот месец.

    Заменик државниот обвинител на САД, Лиса Монако, изјави дека истражителите заплениле 63,7 биткоини, проценети на околу 2,3 милиони американски долари, платени од Колонијал пајплајн по хакерскиот напад што доведе до голем недостиг на бензин на пумпи долж источниот брег на САД.

    – Министерството за правда пронајде и врати најголем дел од откупот платен од „Колонијалниот пајплајн”, изјави Монако.

    Колонијал пајплајн соопшти дека им исплатил на хакерите речиси пет милиони долари за да го врати пристап до својот систем.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично