ПОВЕЌЕ

    САД бележат рекорден пад на малопродажбата поради коронавирусот

    Време зa читање: 2 минути

    Министерството за трговија на САД денес соопшти дека поради глобалната пандемија на коронавирусот, малопродажбата во САД на месечно ниво падна за 8,7 отсто во однос на претходниот месец, што претставува најголем пад во земјата откако се собираат овие податоци.

    Се наведува дека прометот во малопродажба изнесува 483,1 милијарди долари. Tрговијата на мало исто така е намалена за 6,2 отсто во однос на истиот месец минатата година.

    Падот на малопродажбата во март е предизвикан главно од падот на продажбата во секторот текстил, мебел и моторни возила во тој период.

    Продажбата во текстилната индустрија во март опадна за 50,5 отсто, во секторот мебел за 26,8 отсто, а во секторот за моторни возила за 25,6 отсто.

    Падот на малопродажбата далеку го надминува и досегашниот рекорден пад од 3,9 отсто, забележан за време на длабоката финансиска криза во ноември 2008 година.

    Довербата на американските потрошувачи е нагло намалена, а огромното мнозинство Американци го минуваат времето во своите домови по наредбите и препораките од надлежните институции.

    Економските експерти на инвестициската банка „Џ.П Морган Чејс“ проценуваат дека американската економија ќе се намали за рекордни 40 отсто во кварталот април-јуни.

    Сепак, продажбата на прехрамбени производи се зголеми за скоро 26 отсто, поради фактот што Американците се снабдувааt со храна и стока за широка потрошувачка во екот на пандемијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично