ПОВЕЌЕ

    Просечната плата во февруари изнесувала 27.206 денари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2020 година изнесувала 27.206 денари, што е зголемување за 12,5 отсто во однос на истиот месец минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

    „Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (20.1 %), Уметност, забава и рекреација (19.3 %) и Преработувачка индустрија (17.7 %).

    Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14.9 %), Рударство и вадење на камен (12.8 %) и Транспорт и складирање (11.0 %)“, соопшти ДЗС.

    Просечната плата во фавруари е помала во однос на јануари, 2020 година кога изнесувала 27.540 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично