ПОВЕЌЕ

    Промотивно, стабилно и сигурно штедење со каматни стапки до 2,7%

    Време зa читање: 2 минути

    Халкбанк и овој октомври, во светскиот месец на штедење, со веќе познатиот производ ПРОМО депозит на штедачите им нуди одлични услови за орочување на своите средства со најатрактивни каматни стапки!

    ПРОМО депозитот е наменет за физички лица и овозможува штедење во денари или во евра, а орочувањето може да биде на 13 и 25 месеци.

    Најновата понуда за ПРОМО депозит важи во месецот на штедење, односно истата може да ја искористите во период од 01.10 – 31.10.2022 година.

    Каматните стапки на ПРОМО депозитот се навистина атрактивни и кај штедни влогови орочени на 13 месеци каматата изнесува 2,4% за заштеди во денари, односно 1 отсто за штедење во евра. За орочување на период од 25 месеци каматната стапка е 2,7% за денарско штедење, односно 1,5% за штедење во евра. Каматите се фиксни за периодот на орочување, а минималниот износ на вложување е 30.000 денари, односно 500 евра.

    Кај овој производ не постои можност за дополнителни уплати на средства, а камата може може да се исплаќа месечно или на крајот на периодот на орочување.

    Доколку размислувате за тоа кој е најдобриот начин да ги оплодите вашите средства, во моментов ПРОМО депозитиот е најекономичното решение за вас.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично