ПОВЕЌЕ

    Промени во „Жито Лукс“: Асенчо Ценов се повлекува од УО, Методи Пишев нов член

    Време зa читање: < 1 минутa

    Промена во Управниот одбор на Жито Лукс АД Скопје – Асенчо Ценов се повлекува, а Методи Пишев се именува за нов член. За ова има и Решение од Централниот регистар, каде е извршен упис на измените во органите на управување, известуваат од компанија преку Македонската берза.

    Новиот член на УО, Пишев, е економист со диплома за маркетинг менаџмент и повеќе години е дел од тимот на „Жито Лукс“.

    Ценов, кој е инженер по биологија, кариерата во оваа компанија ја започнал лани во јануари и веќе во октомври бил именуван за член на УО задолжен за производство.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично