ПОВЕЌЕ

    ПроКредит Банка предупредува: Испратени се лажни е-маил пораки

    Време зa читање: < 1 минутa
    ПроКредит Банка АД Скопје ги информира клиентите дека денес 30.10.2019 се испратени лажни е-маил пораки од страна на непознати испраќачи каде е фалсификуван идентитетот, логото и потписот на ПроКредит Банка. 

    Е-маил пораките се испратени до дадени физички и правни лица, клиенти и лица кои не се клиенти на банката со предмет на пораката: Нов документ.

    ПроКредит Банка АД Скопје се оградува од овие пораки и предупредува сите оние кои ќе добијат е-маил од непознат испраќач да не го отвораат прилогот и линковите во самиот е-маил. Доколку лицата кои имаат добиено ваков е-маил веќе имаат кликнато на линковите и документите потребно е да се консултираат за следни чекори со ИТ секторот на нивната компанија.

    ПроКредит Банка ги презема сите неопходни активности за справување со ова ситуација.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично