ПОВЕЌЕ

    ПроКредит банка вработува: Советник за клиенти – правни лица

    Време зa читање: 2 минути

    ПроКредит банка вработува: Советник за клиенти – правни лица

    ПроКредит е развојно ориентирана банка. Нудиме висококвалитетна услуга за мали и средни претпријатија, како и за физички лица кои имаат можност да штедат и кои преферираат банкарска услуга преку електронски канали. Во нашето работење се придржуваме до неколку основни принципи: вреднуваме транспарентност во комуникацијата со нашите клиенти, не промовираме потрошувачки кредити, се стремиме со нашето работење да придонесеме за зачувување на животната средина и нудиме услуги кои се темелат на разбирање на потребите на секој индивидуален клиент и на добра финансиска анализа.

    Што нудиме:

    • Предизвикувачка работна средина и можност за професионален и личен развој
    • По вработувањето се започнува со процес на воведување во институцијата, преку ProCredit Onboarding Programme
    • Инвестиција во повеќе видови на обуки, курсеви за специфични позиции и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења
    • Транспарентна платна структура која предвидува фиксна плата 

    Работни задачи и одговорности:

    • Аквизиција на нови клиенти правни лица со цел зголемување на базата на клиенти, како и одржување на висок квалитет на услуга (customer care) на постоечките клиенти
    • Одговорност за свое портфолио на клиенти, кое што се очекува да се развива во смисла на пораст на бројот на клиенти, нивни трансакции, кредитна изложеност и слично
    • Изготвување на финансиска анализа врз база на сметководствените податоци за правните лица

    Кои се нашите идеални кандидати:

    • Проактивни, енергични, одлучни „борци“ кои ги делат нашите вредности и нашиот кодекс на однесување без разлика на образование и работно/животно искуство
    • Со или без искуство, банкарско искуство не е задолжително
    • Добро познавање на Англискиот јазик е предуслов поради тоа што банката е дел од меѓународна групација
    • Поседувате желба за учење и постојана надградба

    ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ОГЛАСОТ [ТУКА]

    АПЛИЦИРАЈ ТУКА

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично