ПОВЕЌЕ

    Проектот „Во тимот е силата’’ на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија прогласен за „Најдобра HR Практика на годината“ за 2020 година

    Време зa читање: 2 минути

    Проектот „Во тимот е силата“ на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија е  прогласен за „Најдобра HR практика на годината“ за 2020та година од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси, во рамките на одбележувањето на Меѓународниот HR-ден.

    Овој проект беше спроведен со цел да се оддаде признание (employee recognition) на сите вработени за нивната посветеност, лојалност, труд и придонес во изминатата година, а воедно  ја претставува и визијата, мисијата и вредностите кон кои што се обединуваат Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија.

    Во екот на пандемијата, тимот за човечки ресурси на двете банки најде начин да им изрази поддршка и благодарност на вработените коишто неуморно работеа во отежнати услови предизвикани од здравствената криза како последица од КОВИД-19 и истовремено работејќи на процесот на интеграција на двете банки. Целиот тим за човечки ресурси од двете банки подготви изненадувања за вработените кои од почетокот на светската пандемија овозможуваат сигурност, достапност и непречено опслужување на клиентите.

    Преку овој проект, Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија повторно покажаа дека заедно можат да одговорат на сите предизвици и непредвидени ситуации, затоа што се грижиме едни за други во рамките на нашата Шпаркасе Групација и заедно го трасираме патот на успехот, бидејќи „Во тимот е силата“!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично