ПОВЕЌЕ

    Принципот ,,прв дојден, прв услужен” не важи, ќе се поделат 4.000 ваучери за домашен туризам идната недела

    Време зa читање: 2 минути

    -Министерството за економија во соработка со Министерството за финансии, пратениците и Собранието обезбеди средства за сите да бидат покриени и вкупно над 4.000 ваучери да бидат издадени во текот на наредната недела, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата и додаде дека ваучерите за домашен туризам ќе можат да се користат до крајот на годинава, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

    На сите граѓани што аплицирале и што ги исполнуваат условите за добивање ваучер за домашен туризам ќе им бидат врачени во текот на наредната недела и нема да важи условот „прв дојден, прв услужен“ што се применуваше досега.

    Истакна дека смета оти не се доцни со ваучерите за домашен туризам и порача дека тие се даваат во континуитет.

    -Имајќи ги во предвид капацитетите што ги имаат одредени наши региони веќе се издадени над 1.200 ваучери и се користат во моментов. Дополнително, во текот на наредната недела ќе бидат издадени уште околу 3.000 ваучери со што вкупната бројка ќе надмине 4.000 ваучери, прецизира Бектеши.

    Нагласи дека Министерството за економија како надлежно за секторот туризам на дневна основа ги следи сите случувања и во континуитет го помага овој сектор, како хотелиерството, така и угостителството.

    -Со усвојување на ребалансот на Буџетот на денешната пленарна седница на Собранието очекувам од наредната недела да бидат исплатени сите субвенции и целосната поддршка за овој сектор што беше ветена од Министерството за економија и од Владата од одредени економски мерки кои веќе ги имаме промовирано, потенцира Бектеши.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично