ПОВЕЌЕ

    ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА М-Р АЛИТИ НА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ ПРИ УКИМ

    Време зa читање: 2 минути

    Развојот на пазарот на хартии од вредност е возможен и треба да биде наше секојдневие, но треба да биде придружуван и со институционален развој. Најсоодветен и навремен регулаторен одговор на сè повисокото ниво на функционирање на одделните сегменти на финансиските пазари е промената на  архитектурата на регулаторните тела и нивна интеграција во еден единствен небанкарски регулаторен супервизорски орган. Ваквиот интегративен процес и формирањето на т.н. single регулатор ќе придонесе за максимално оптимизирање на ресурсите и нивна најдобра алокација, која дава брза, соодветна, навремена и сеопфатна регулаторна акција и одржување нa финансиската стабилност.  На овој начин со интегриран институционален пристап побрзо и повеќе ќе придонесеме за понатамошен развој на пазарот на капитал за кој знаеме дека е огледало на целото стопанство и општество,, ова меѓудругото го истакна Претседателката на КХВ М-р Нора Алити на сесијата ,,Можности и предизвици за развој на пазарот на капитал,, во рамките на Конференцијата ФИНАНСИИТЕ ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА, која ја организираше Економскиот факултет при УКИМ, а по повод 60 години од постдипломскиот студиум Монетарна економија, финансии и банкарство.

    Според  М-р Алити останува и предизвикот КХВ да спроведе  нова рунда на мотивирање на успешни македонски компании и стартапи  да го финансираат својот раст и развој преку собирање капитал на берзата, но  покрај компаниите рече Претседателката на Комисијата, ќе се работи  и со општините како потенцијални издавачи на обврзници кои своите проекти исто така можат да ги финансираат од пазарот на капитал.

    Освен Претседателката на КХВ М-р Нора Алити , на сесијата воведно обраќање имаше проф. д-р Горан Петревски, редовен професор на Економскиот факултет – Скопје, а од своја перспектива на оваа тема зборуваа и Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје  и Игор Давков, извршен директор на Skopje East Gate SEG.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично