ПОВЕЌЕ

    По „ЦРН ЧЕТВРТОК“ „ЗЕЛЕН ПЕТОК“ на Македонска берза

    Време зa читање: 2 минути

    Се врати оптимизмот на Македонска берза. По „ЦРН ЧЕТВРТОК“, каде берзанскиот индекс МБИ 10 на крајот на тргувањето забележа голем пад од дури минус 8,65 отсто во однос на претходниот ден, спуштајќи се на вредноста од 5.627,16 поени, што е најниско ниво уште од 21 септември минатата година.

     Загуби претрпеа и:

    • Макошпед Скопје 11,48 отсто
    • Комерцијална банка 9,99 отсто
    • Алкалоид 9,51 отсто
    • Макпетрол  10 отсто
    • НЛБ Банка 7,42 отсто
    • Стопанска банка Скопје 9,47 отсто
    • Гранит 9,97 отсто
    • Стопанска банка Битола  8,89 отсто
    • Макстил 3,41 отсто

    Во петокот, истиот тој берзански индекс МБИ 10 се зголеми за 4,3 проценти на крајот на тргувањето. Сите акции кои го креираат, а и останатите хартии од вредност се во зелено.

    Дел од акциите пораснаа во петокот и успеаа да ја повратат вредноста што ја изгубија во четвртокот, но дел не ја надоместија загубата.

    Макстил поврати 9,22 отсто од вчерашната загуба, и денеска заврши со просечна цена на акцијата од 96,00 денари. Комерцијална банка порасна за 8,64 отсто и просечната цена на акцијата сега изнесува 12 148,85 денари. ТТК банка светна во зелено за 6,38 отсто со просечна цена од 1393,55 денари, додека НЛБ Банка порасна за 5,35 отсто каде просечната цена сега изнесува 27 797,27 денари. Макпетрол од минус 10, успеа да порасне само 0,87 отсто..

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично