ПОВЕЌЕ

    Поддршка од Комерцијална банка за СОС Детско село и кампањата за поттикнување индивидуално донаторство

    Време зa читање: 2 минути

    На овој начин, СОС Детско село доби нови СОС Пријатели, кои ја препознаа нивната хумана мисија и кауза и на месечно ниво ќе донираат средства за програмата Face to Face.

    Комерцијална банка и СОС Детско село преку заедничка соработка придонесуваат за поттикнување на индивидуалното донаторство како длабоко хуман гест, но и како значаен механизам за обезбедување помош за социјално загрозени категории граѓани.

    Имајќи ги предвид традиционалната хуманост на своите вработени и нивната подготвеност за помагање секогаш кога е потребно, Комерцијална банка со задоволство им овозможи на активистите од СОС Детско село да постават штандови во просториите на банката за промовирање на програмата Face to Face, со која треба да се обезбедат донации за поддршка на над 300 деца и млади без родители и родителска грижа. На овој начин, СОС Детско село доби нови СОС Пријатели, кои ја препознаа нивната хумана мисија и кауза и на месечно ниво ќе донираат средства за програмата Face to Face.

    СОС Детско село годинава прославува 20 години јубилеј и по тој повод го иницира проектот Face to Face – теренски донаторски активности затоа што и на глобално ниво индивидуалното донаторство се покажало како една од главните активности за обезбедување средства за работата на СОС Детските села.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично